August 20, 2014

Сараево, 20. август 2014 (ИНПРЕС) – До почетокот на зимата, Европската унија ќе обезбеди станови за околу 14.000 луѓе во Босна и Херцеговина, жртви на големите поплави кои во мај ја погодија земјата.

– Веќе се работи на реконструкција на училиштата, здравствените институции, патиштата, водоводот. ЕУ ќе отвори и уште 2.000 нови работни места во областите кои беа поплавени, рече Рензо Давиди, кој е на чело на делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина.

Тој посочи дека Канцеларијата на специјалниот претставник на ЕУ за Босна и Херцеговина има фонд од 85 милиони евра.

Парите ќе бидат искористени за остварување на конкретен напредок и помош на најтешко погодените. Околу 43 милиони евра веќе се дефинирани за итни проекти, а останатите 42 милиони треба да поминат низ државните процедури, рече Давиди. (Крај)

извор: АФП фото: АП