September 15, 2015

Атина, 15. септември 2015 (ИНПРЕС) –  Грција ќе ги спроведе ветените реформи по парламентарните избори во земјата, што ќе се одржат в недела, смета еврокомесарот за дигитална економија и информатичко општество Гинтер Итингер, цитиран од атинскиот весник „Етнос“.

Итингер ја изрази намерата на ЕУ да соработува со секоја влада во Грција која ќе биде составена по гласањето на 20 септември.

Еврокомесарот, исто така, искажа надеж дека новата помошна програма за Грција ќе биде применета од влада со широко мнозинство. (Крај)

извор: Телеграф фото: архива