January 7, 2016

Софија, 7. јануари 2016 (ИНПРЕС) – Во центарот на бугарската престолнина Софија избувнала масовна борба меѓу мигранти.

За време на инцидентот тројца авганистански бегалци биле пренесени во болница. Лицата биле со прободни рани.

Според првичните податоци тепачката избувнала поради пари, а сите учесници во неа имале документи за легално престојување на територијата на земјата.

Повредените биле однесени во градската болница, каде им е укажана лекарска помош. (Крај)

извор: Korrespodent фото: архива