Атина, 1. декември 2015 (ИНПРЕС) – Компанијата која стопанисува со железничкиот систем во Грција, објави дека блокадата на мигрантите по северната граница на земјата и нанела загуби од околу 1,5 милиони евра, пишува весникот Kathimerini.
Според извршниот директор на групата, околу 1.800 вагони чекаат да ја преминат границата меѓу Грција и Македонија, која е блокирана од 1500 демонстранти, бегалци и мигранти спречени да влезат на македонска територија и да го продолжат патот кон Западна Европа. (Крај)
извор: Катимерини фото: архива