Нови Сад, 18. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Пекар од Бегеч, населба крај Нови Сад бил брутално заклан ноќеска, јави српски „Блиц“.
Според истиот извор сторителот бил веќе уапсен, а во тек бил увидот за да се утврдат причините поради кои било сторено делото.
Според првичните информации, ова убиство не е на национална основа, и не е мотивирано од инцидентот на натпреварот Србија – Албанија.
Во текот на изминатите денови беа демолирани две пекари во Нови Сад чии сопственици се Албанци. Се работи за пекарите „Европа“ и „Ас Пек“. Како што информираат српските медиуми, во пекарата „Ас Пек“ фрлен е молотов коктел и е изгорен ентериерот на објектот. Пекарата „Европа“ била каменувана, а хулиганите потоа влегле во објектот и им се заканувале на работниците кои работеле во ноќната смена. (Крај)
извор: Блиц фото: архива