Замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот ќе важат до крајот на декември
November 15, 2023

Скопје, 15. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот ќе важат до крајот на годинава.

Владата на вчерашната седница, на предлог на Министерството за економија, донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки.
Со истата се утврдува највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо во вкупен износ до 10% и во вкупен износ до 15% во трговијата на мало.

Согласно владината одлука, вака утврдената највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, наместо до 30-ти ноември, ќе се применува до 31-ви декември 2023 година. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива