Подгорица, 7. декември 2015 (ИНПРЕС) – Непознати сторители доцна синоќа го запалиле знамето на НАТО- алијансата, кое се виорело неколку дена на влезот на Цетиње, пренесува РТ Црна Гора.
Знамето на НАТО било истакнато заедно со црногорското знаме и знамето на Европската унија, во чест на поканата на земјата да се придружи на алијансата.
Претседателот на „Движењето за неутралност“,Марко Милачиќ, напиша на својот Фејсбук профил дека од вчера не се виори знамето на НАТО, а на својот YouTube канал објави и видео на кое се гледа како гори знамето. (Крај)
извор: Плус Инфо фото: архива