Елбасан, 16. јануари 2015 (ИНПРЕС) – На 70 километри оддалеченост од Струга во близина на Елбасан во Албанија, кој е само половина час оддалечен од македонската граница, внукот на Енвер Хоџа заедно со припадници на колумбиската мафија го држеле најголемиот кокаински картел на Балканот.
Полицијата притоа запленила 100 килограми кокаин, што е најголемо запленето количество кокаин во Албанија, јави Ројтерс.
Групата била уапсена во текот на ноќта во фабриката што ја направила меѓу штали со добиток во Елбасан, во близина на Тирана, јавија полицијата и албанските медиуми.
Саимир Батку, наводниот „мозок“ на групата, бил фатен додека бегал со автомобил со 18 килограми кокаин, 300.000 евра и пиштол, изјавил портпаролот на албанското Министерство за внатрешни работи, Флорион Серјани.
Полицијата соопшти дека меѓу уапсените е и Ермал Хоџа, внукот на Енвер Хоџа. (Крај)
извор: Дневник фото: архива