Охрид, 25. август 2023 (ИНПРЕС) – На пригодна свеченост, синоќа започна Охридскиот хорски фестивал 2023.
Поздравен говор во име на Општина Охрид, оддржа советничката Ана Крстеска, која воедно го прогласи и за отворен фестивалот.
На овогодинешното издание учество земаат 17 хора од повеќе земји. Охридскиот хорски фестивал 2023 ќе трае четири дена од 24-ти до 27-ми август, а настапите со натпреварувачки карактер како и концертите на духовна, поп и фолк музика ќе се одржуваат во хотелот „Инекс Горица“ и во католичката црква „Св. Кирил и Методиј“.
Влезот за фестивалските ноќи е слободен.
извор: ИнПрес фото: архива