Загреб/Белград, 24. септември 2015 (ИНПРЕС) – Србија е брутално нападната од Хрватска со забраната за влез на автомобили со српски регистарски таблици на нејзина територија, изјавил српскиот министер за правда Никола Селаковиќ, за електронското списание Akter.
Според Селаковиќ станува збор за брутална економска агресија со која се прекршуваат голем број договори меѓу двете земји.
Според него Србија ќе ги прекине санкциите против Хрватска откако Загреб ќе почне да пропушта српски камиони. (Крај)
извор: РТС фото: архива
