Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Зголемен бројот на повици во охридската Брза помош, апел граѓаните и туристите да водат грижа за своето здравје

Зголемен бројот на повици во охридската Брза помош, апел граѓаните и туристите да водат грижа за своето здравје

1 min read
Зголемен бројот на повици во охридската Брза помош, апел граѓаните и туристите да водат грижа за своето здравје

Охрид, 18. јули 2023 (ИНПРЕС) – Полни раце работа за докторите и сестрите во Службата за Итна медицинска помош во Охрид, високите дневни температури го зголеми бројот на повици во службата.

Повици добиваме и од помлади и од постари лица, со различна здравствена состојба, информира за Супер радио и OhridPress д-р Љупка Николоска, раководител на Итната медицинска помош.

– Зголемен е бројот на повици, многу често има колапси, кај млади и кај повозрасни лица, потоа кај лица со хронични, кардиоваскуларни, белодробни заболувања. Зголемен е и бројот на повици воопшто, за повреди на плажа, низ град, при сообраќајни незгоди, истакна д-р Николоска.

Апелира на поголема внимателност кај охриѓани и туристите, да водат грижа за сопственото здравје, да се пијат повеќе течности, да се избегнува изложеност на сонце, како кај повозрасните така и кај помладите, во најтоплите периоди од денот, од 11:00 до 17:00 часот, да се носи светла и лесна облека, капа и да се консумира лесна храна. Хронично болните лица навреме и во препишаната доза да ја земаат соодветната терапија.

Покрај ваквите состојби што се последица на жешкото време, периодов има и зголемен број на летни вируси, фебрилни состојби, со дијареа повраќање, за што д-р Николоска укажа на поголема внимателност при исхраната и посета на матичен лекар.

Од Брзата помош велат дека со истите екипи функционираат и во лето и во зима, бараат граѓаните да имаат трпени бидејќи вложуваат максимални напори да излезат во пресрет со кадар и опрема и навремено да интервенираат. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Македонски иселенички фолклорни групи учествуваа на фестивал во Охрид
Next Струга по победа со Жалгирис за мега-пресметка со Галата и долго европско лето!

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.