Охрид, 28. јули 2023 (ИНПРЕС) – Со осветлување на зградата на Општина Охрид во црвена боја, локалната власт ќе се вклучи во одбележување на 28-ми јули, Светскиот ден за борба против хепатитисот.
Настанот за одбележување на овој ден во Охрид ќе се одржи во недела. Во периодот од 09:00 до 11:00 часот на градскиот плоштад заинтересираните ќе можат да направат бесплатни испитувања со најновиот еластограф, неинвазивен апарт за дијагностика базирана на ултразвук која се користи за мерење на оштетувањата на црниот дроб, како и анонимен скрининг со најсовремнеи тестови за тестирање на хепатитис Б, Ц и ХИВ.
Веќе година и пол функционира мултидисциплинарната група на чија иницијатива наскоро ќе биде отворен првиот црнодробен центар во нашата земја, опремен сo најсовремена дијагностика и современа терапија, што ќе овозможи да се зголемат шансите за лечење и подобрување на квалитетот на живот на пациентите. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес