Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Здравје: Постојано сте уморни? Ова се десетте најчести причини

Здравје: Постојано сте уморни? Ова се десетте најчести причини

1 min read

Охрид, 1. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Чувството на постојан умор понекогаш може да укаже на нешто повеќе од исцрпеност и постојаниот замор може да биде знак дека во организмот се случува нешто посериозно.

Заморот може да го попречи вашиот секојдневен живот. Во продолжение дознајте кои се најчестите виновници за овој проблем.

Не спиете доволно

Иако тоа може да биде најочигледната причина, недостатокот на сон сериозно му штети на телото. Кога не спиеме онолку колку што ни треба, целиот ден може да ни помине како во сон. Со други зборови, недостатокот на сон може да ја наруши нашата концентрација и да не направи раздразливи.

Вашето работно време

Ако немате јасно дефинирано работно време секој ден, сонот може да ви биде нарушен. Имено, кај лицата со нестабилно работно време, телото не разбира кога треба да спие, што може да не направи повеќе ранливи од инфекции и болести.

Под стрес сте

Нормално е да се доживее некој вид на стрес на дневна основа, но ако го има премногу, нашиот сон го губи квалитетот. Обидете се со техники за смирување или избегнувајте стресни ситуации секогаш кога можете.

Внесувате премногу кофеин

Внесувањето премногу кафе и енергетски пијалоци може да ве направи уморни и нервозни. ТПремногу кофеин е поврзан со ноќните будења и поспаност.

Не пиете доволно вода

Дехидрацијата може да предизвика многу симптоми, од кои еден може да биде зголемен замор. Покрај пониските нивоа на енергија и слабата концентрација, недостатокот на вода може да влијае на вашите навики за спиење.

Недостаток на хранливи материи

Ако се чувствувате уморни по добар сон, може да имате недостаток на Б12, Д или железо. Ако мислите дека ова може да биде причина за замор, разговарајте со вашиот лекар.

Лоша исхрана

Кажете им збогум на брзата храна и чоколадните бисквити, бидејќи овие намирници можат да ви го уништат сонот. Ако не ја внесувате вистинската количина на калории и макронутриенти, како што се протеините, вашето тело може да се сврти кон резервите и да почне да ги разградува резервите на масти и мускули, што може да доведе до замор.

Имате прекумерна тежина

Прекумерната тежина може да ве изложи на ризик од развој на нарушувања на сонот, вклучително и апнеја при спиење, што може да предизвика чувство на исцрпеност.

Имате здравствени проблеми

Постојат многу состојби кои можат да ве заморат: хипотироидизам, синдром на хроничен замор, мултиплекс склероза, па дури и продолжен ковид.

Зависни сте од дрога или алкохол

Истражувањата покажаа дека луѓето зависни од дрога или алкохол имаат поголема веројатност да доживеат прекумерен замор. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

Post navigation

Previous Матичните лекари, педијатри и гинеколози на стручен состанок „Една вакцина за сите“ во Охрид
Next Охрид најубав: 1. октомври 2024 година

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад
1 min read

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.