August 22, 2014

Атина, 22. август 2014 (ИНПРЕС) – Силен земјотрес со интензитет 5.1 е регистриран на Халкидики од Светскиот центар за истражување на земјотресите.

Земјотресот бил на 13 километри од Полихроно, во јужниот дел на полуостровот Касандра, на Халкидики. Потресот е со длабочина од 10 километри. Засега нема извештаи за материјална штета и жртви.

Силниот земјотрес е почувствуван во неколку соседни области. (Крај)

извор: Фокус фото: архива