November 9, 2014

Атина, 9. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Силен земјотрес со јачина од 5,1 степени по Рихтер го погоди регионот западно од грчкиот остров Кефалонија во Јонското Море.

– Епицентарот на земјотресот, кој беше регистриран во 01:15 часот по локално време, бил на 5 километри под површината на морето, соопшти Атинскиот геодинамички институт.

Во моментов нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Во петокот островот беше погоден од земјотрес со интензитет од 4,7 степени. Во регионот често се случуваат силни потреси. Во 1953 година островот беше погоден од силен земјотрес со јачина од 7,2 степени. (Крај)

извор: АП фото: архива