Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • „Зери“: Двајца од уапсените кај езерото Бадовац се припадници на ИД

„Зери“: Двајца од уапсените кај езерото Бадовац се припадници на ИД

Приштина, 14.јули 2015 (ИНПРЕС) – Двајца од петмината уапсени, кои се осомничени за подготовка на терористички напади во близина на езерото Бадовац во Косово, се припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД) и во текот на 2013 и 2014 година учествувале во воените судири во Сирија, пишува денеска приштинскиот весник „Зери“.

Весникот наведува дека уапсениот Бесник Латифи (38) од Косовска Митровица двапати бил во воената зона во Сирија. Во истиот временски период бил и другиот осомничен Газменд Халили (31) од Ајвалија.

Петтемина осомничени се уапсени во утринските часови во саботата во близина на езерото Бадовац. „Зери“ пренесува дека на сите езера и фабрики за вода во Косово се зголемени безбедносните мерки, а експерти за хемија сметаат дека се многу мали шансите да се затруе водата во било кое езеро на Косово без употреба на големо количество токсични материи.(Крај)

извор:Зери фото: архива

Post navigation

Previous Лафазанис: Германија постапи со Грција како со колонија
Next Унгарија ја започна изградбата на оградата кон Србија

Слични вести

Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб
1 min read

Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб

Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“ Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.