August 18, 2014

Вашингтон, 18. август 2014 (ИНПРЕС) – Американската невладина организација „Хјуман рајтс воч“ во својот најнов извештај алармира на развојот на неонацизмот во Грција и Унгарија.

Врз основа на факти и сведоштва, организацијата пишува за напредокот на партијата „Златна зора“ во Грција и неонацистичката партија „Јобик“ во Унгарија. Во извештајот се упатуваат остри критики кон двете држави, како и кон САД, Германија и ЕУ, и се нагласува потребата од сериозна акција и интервенција за да се спречи ескалацијата на расизмот, ксенофобијата и фашизмот.

Во 2011 година, партијата „Златна зора“ била спонзорирана од богат сопственик на локална компанија. Тој, иако бил член на партијата „Нова демократија“, сакал „Златна зора“ да освои добри резултати на изборите во 2012 година со цел да се стави крај на коалицијата меѓу ПАСОК и „Нова демократија“. Бизнисменот тврдел дека „Златна зора“ е воен ешалон на „Нова демократија“, признавајќи дека исплатил повеќе од 1.500 долари за воени униформи на нејзините активисти.

Во извештајот се додава дека локална компанија ги снабдувала со оружје членовите на „Златна зора“.

– „Криминалистичка организација“ е вистинското име на оваа партија, бидејќи „Златна зора“ веќе формира војска и одржува врски со полицијата, на која и е наредено да не ги „забележува“ активностите на нејзините членови, вели за „Хјуман рајтс воч“ поранешен член на „Златна зора“. (Крај)

извор: АФП фото: АП