Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Зоран Анчевски е добитник на наградата „Григор Прличев“ за поемата „Коњски житија“

Зоран Анчевски е добитник на наградата „Григор Прличев“ за поемата „Коњски житија“

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 12. јануари 2023 (ИНПРЕС) – Познатиот македонски поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски е автор на поемата „Коњски житија“, добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема во ракопис за 2022 година.

Жири комисијата едногласно ја одбра оваа поема од 11-те пристигнати на Kонкурсот распишан од страна на Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид.

– Потребна е поширока популаризација во однос на промоција на изданието на добитничката поема освен во Охрид, таа да се прошири и во други градови во државата. Притоа, констатирано е дека некои од поемите се поднесувани повеќе години наназад, што во иднина треба да се ограничи со Правилник, укажувајќи на креативноста како актуелен чин, истакнаа од жири комисијата.

Нема опис за фотографијата.

Зоран Анчевски, поет, универзитетски професор, преведувач, есеист, роден е во 1954 година. Има објавено девет поетски збирки што се одлично примени од критиката, високо оценети и наградени со различни награди во земјата и во странство. За неговото преведувачко дело ја добил највисоката национална награда за превод „Григор Прличев“ (2001). Учествувал на многу поетски фестивали во земјата и во светот. Избори од неговата поезија се преведени и објавени на над дваесет јазици во значајни странски списанија и антологии. Член е на Друштвото на писатели на Македонија, бил двапати секретар на македонскиот ПЕН центар и негов актуелен претседател, а раководел и со УО на СВП (2002-2007). Живее и работи во Скопје.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Започнаа подготовките за чествување на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид
Next Изработена дигитална мапа за појасите на трска долж охридското крајбрежје

Слични вести

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување
1 min read

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот
1 min read

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“
1 min read

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.