Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Зорица и Билјана одамна починаа, велат наследниците на двете Македонки кои ги бараше актерката Барбара Сукова

Зорица и Билјана одамна починаа, велат наследниците на двете Македонки кои ги бараше актерката Барбара Сукова

Охрид, 28. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Зорица и Билјана, двете сестри со кои германската актерка Барбара Сукова се запознала во Охрид пред 60 години и сакаше да воспостави контакт, се одамна починати, велат нивните наследници.

Зорица, хемиски инженер, починала во 1990 година на 39 години. Нејзината сестра Билјана која била лекарка, починала во 2004 година на 47 години.

Бојана Кироска, ќерка на починатата Зорица, посочува дека истата фотографија што ја презентирала Сукова, се наоѓа и во нивните семејни албуми.

– Многу би сакале да ја запознаеме актерката. Ја каниме да дојде во Македонија да биде наша гостинка. Прифаќаме да се сретнеме со неа и во Србија, додека е на фестивалот, вели Кироска.

Неодамна германската актерка Барбара Сукова, која годинава е една од најголемите филмски ѕвезди на меѓународниот филмски фестивал ФЕСТ што се одржува во Белград, Србија, на прес конференција повика на помош да ги пронајде двете жени со кои се запознала во Македонија кога биле деца во далечната 1963 година.

Таа година, актерката како тинејџерка со нејзините родители престојувала во Југославија и го посетила Охрид, каде ги запознала две девојчиња – Зорица и Билјана.

Тогаш во училиштата се собирала хуманитарна помош за настраданите во земјотресот во Скопје, а Зорица и Билјана во знак на благодарност потоа ѝ испратиле послужавник со две шолји за кафе. (Крај)

извор: Охрид 1/ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Главната расправа од судењето за напаѓачот на Пендиков одложена за 5-ти април
Next Застапникот на Пендиков не ја знае неговата адреса во Софија, адвокатот на обвинетиот вели случајот се исполитизира до страшни граници

Слични вести

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок? Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?
1 min read

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга „Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.