Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Известувачката на ЕП за Косово: Се надевам дека во Охрид ќе се постигне договор меѓу Косово и Србија

Известувачката на ЕП за Косово: Се надевам дека во Охрид ќе се постигне договор меѓу Косово и Србија

1 min read

Стразбур, 13. март 2023 (ИНПРЕС) – Известувачката на Европскиот парламент за Косово, Виола фон Крамон, изрази силна надеж дека ќе се постигне договор меѓу Косово и Србија на 18-ти март во Охрид, каде што ќе се одржи следната средба на високо ниво во рамки на меѓусебниот дијалог.

Фон Крамон на Твитер напиша дека овој договор би бил важен чекор за европската интеграција на двете земји.

Косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ се очекува да се сретнат на 18-ти март во Охрид за да го потпишат француско-германскиот или европскиот договор што го договорија на 27 февруари во Брисел.

Инаку, специјалниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан Мирослав Лајчак денеска ја започна посетата на Белград, а доаѓа по минатонеделната на Приштина.

Според најавите, Лајчак ќе оствари средба со претседателот на Србија Александар Вучиќ. Тој и со српските власти ќе разговара за патоказот за имплементација на Спогодбата за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија. (Крај)

извор: Опсервер/ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous „Everything Everywhere All at Once“ доминираше на 95-те Оскари
Next Езерскиот водостој и натаму далеку под просекот, денес е на кота од 693,21 м.н.в

Слични вести

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма
1 min read

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.