Белград, 16. септември 2015 (ИНПРЕС) – Автобус на “Расто Турс” целосно изгоре во понеделникот попладне превезувајќи повеќе од 50 патници од грчкото одморалиште Парга за Белград.
За среќа, ниту еден од патниците, не е повреден, но многу од нив го загубија својот багаж, кој е проголтан од пламените јазици. Според очевидците, пожарот избувнал половина час откако автобусот тргнал од Парга и само за неколку минути оганот проголтал се. (Крај)
извор: reporter фото: архива