Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Изложба на скулптури на Слободен Милошески во Окенхајм, Германија

Изложба на скулптури на Слободен Милошески во Окенхајм, Германија

1 min read
Изложба на скулптури на Слободен Милошески во Окенхајм, Германија

Окенхајм, 19. август 2023 (ИНПРЕС) – Во галеријата „SpiritLab Space“, која се наоѓа во Окенхајм, Германија, вечерва ќе биде отворена изложбата „Трепет“ од авторот Слободан Милошески, која е составена од 15 скулпторски дела од галериски формат, а публиката ќе има прилика да ја посети поставката до 29 август.

Во биографијата на Милошески забележливи се реализираните скулптури во јавен простор меѓу кои: Скулптураи на Живо Чинко, Ристо Шишков, Кузман Шапкарев, Јоаким Крчоски, Спомен облежјето на Првото заседание на АСНОМ, Скулптура на Муза наменета за фасада на објектот „Стар театар“, скулптури наменети за фасадата на објектот на МНР, како и скулптура поставена на Интернационалниот Балкански Универзитет, сите во Скопје.

Слободан Милошески е роден во Охрид во 1977 година. Тој дипломирал на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2001 година. Во 2009 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на вајарски оддел, а магистрирал на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторирал на Национална уметничка академија во Софија, Република Бугарија, на катедра „Скулптура“.

Тој е член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментот работи како вонреден професор на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

извор: МИА фото: МИА

Post navigation

Previous Охрид најубав: 19. август 2023 година
Next Апел за помош на младиот Леонид

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.