Охрид, 28. април 2023 (ИНПРЕС) – Во тек е инвентаризација на пештерите во заштитеното подрачје Нaционален парк „Галичица“.
Активностите се во рамки на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“, поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.

Експертски тим од истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ – Скопје спроведува спелеолошки и биоспелеолошки испитувања во пештерите на Галичица. Целта на истражувањата е конзервација и заштита на пештерските екосистеми од негативните ефекти на климатските промени.
Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ го спроведуваат Црвен крст Охрид и истражувачко друштво „Урсус спелеос“ – Скопје, во соработка со НП „Галичица“. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







