Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Инспекторите ги контролираат трговските објекти, забележано намалување на цените, но и напишани казни

Инспекторите ги контролираат трговските објекти, забележано намалување на цените, но и напишани казни

1 min read

Охрид, 20. јануари 2023 (ИНПРЕС) – Пазарните инспектори од Охрид во постојани контроли низ трговските објекти дали се почитува владината одлука за посебни услови во трговија на одделни стоки и трговски маржи.

Велат забележано е намалување на цените на некои од основните прехрамбени продукти, како резулат на намалување на производните трошоци по основ на цената на струјата.

Во текот на овој месец направени се 25 инспекциски надзори кај трговци во Охрид, при што согласно Законот за трговија и посебните услови казнети се два субјекти, вели за Супер радио и InPress раководителот на Државниот пазарен инспекторат во Охрид, Цветко Ристески.

– Согласно владината одлука за посебни услови во трговија на одделни стоки и трговски маржи има намалување кај одредени видови леб од 500 грама, од 45 на 42 и 41 денар, потоа кај маслото, кај трајното млеко од 71 на 69 денари. Ова е како резулат на намалување на производните трошоци по основ на цената на струјата. Значи намалување на цените е забележано кај субјетите кои како енергенс ја користат струјата, потенцира Ристески.

Тој потенцира дека во периодот од март до декември 2022 година како инспекторат извршиле 234 надзори на подрачјето на Охрид при што се издадени 65 прекршочни платни налози, 32 на правно, 32 на одговорно и една на физичко лице трговец поединец. Од нив, во 29 случаи се наплатени, а во 10 случаи се поднесени барања до охридскиот Основен суд.

Ристески истакна дека со контроли ќе продолжат и понатаму се додека е на сила владината одлука, односно до 30 април. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охридските училишта подготвени за старт на второто полугодие
Next Со капење на рибарите и охридска староградска песна одбележан Денот на рибарите (Фото)

Слични вести

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма
1 min read

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.