Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ИПА Вело викенд „На точак, Охрид и Струга да видам“

ИПА Вело викенд „На точак, Охрид и Струга да видам“

1 min read

Охрид, 20. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Оваа сабота, 24-ти јуни, во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид, ќе се одржи ИПА Вело викенд „На точак, Охрид и Струга да видам“.

Централниот вело настан е со почеток во 08:00 часот. Ќе се тргнува од Градското пристаниште во Охрид, ќе се вози по крајбрежјето на Охридското Езеро, по стариот пат Охрид-Струга.

– Станува збор за традиционалната, овој пат седма по ред рекреативна велосипедска тура Охрид-Струга-Радожда со која, постојано се реафирмира идејата од 2016 година на тогашниот Општински совет за безбедност во сообраќајот (ОСБСП) за велосипедско поврзување на двата крајезерски града-Охрид и Струга и понатаму кон туристичката населба Радожда како и вело конекција Охрид-Св. Стефан-Пештани, со современо уредена, функционална и безбедна велосипедска патека. Сметаме дека, овие проекни иницијативи, имаат непроценливо значење за развој на туризмот и велосипедизмот во двата македонски туристички бисери и огромен бенефит за охриѓани, стружани но и туристите од Македонија и светот. На овој начин, ИПА Охрид прави свој обид за промовирање на Охрид, Струга и на целот крајезерски регионот во целина, како атрактивни туристички и вело дестинации што значително ќе ги издигнат на светската вело туристичка мапа. Со ова, упатуваме порака до двете општини, конечно и сериозно да се заложат, велосипедското поврзување пред се, на Охрид до Струга и кон туристичките населби Пештани и Радожда, да станат реалност. Централниот вело настан ќе се одржи во сабота, на 24-ти јуни, со почеток во 08:00 часот. Ќе се тргнува од Градското пристаниште во Охрид и, со надеж за добро време, ќе се вози по крајбрежието на Охридското Езеро, по стариот пат Охрид-Струга. Во 08:45 кај „Евро Хотел“ е предвидена средба на охридската со струшката вело група а потоа, заеднички ќе се вози низ живописните зелени предели кај Калишта, хотелите „Бисер“, „Изгрев“ и „Макпетрол“ до преубавата Радожда. По краткото дефиле тука, предвиден е доручек на брегот на Охридското езеро во ресторантот „Динга“, наш ИПА пријател од каде се пружа неповторлив поглед кон езерските синила и планинската убавица Галичица. Возењето велосипед е љубов, потреба, незаборавна авантура и неповторливо доживување. Во време кога државите градат велосипедски автопати, редно е и во охридско-струшкиот регион на Македонија, да имаме безбедни вело патеки а не, да возиме покрај автомобилите, автобусите и камионите и да се ставаме во сериозна и опасна ситуација како ранлива категорија учесници во сообраќајот. Не сакаме повеќе жртви-велосипедисти на небезбедните патишта во регионот, на кои нема ни трага ни глас од вело патеки означени со современа хоризонтална и вертикална сообраќајна велосипедска сигнализација, информираат од ИПА Охрид.

Досега се пријавени над 60-на учесници. Претседателот на ИПА Охрид Стефан Димоски испраќа покана до сите членови на ИПА Охрид и ИПА Македонија, членовите на ИПА националните секции од соседните земји, од збратимените ИПА градови, сите вело клубови од Охрид, Струга и Македонија, сите граѓани вљубеници во велосипедскиот туринг, да се придружат на настанот.

– Да бидеме најбројни и да создадеме долга вело колона од Охрид кон Струга и Радожда и да испратиме силна порака до надлежните дека сме армија велосипедисти која бара современа велосипедска мрежа во најатрактивниот регион во Македонија. Инфо и пријавување кај Бојан ИПА координаторот за Охрид, вибер ++38975329323, потенцираат од асоцијацијата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Делови од Стар град неколку часа без вода
Next Струга домаќин на ревијален Интернационален Џудо натпревар Struga Open 2023 за лица со интелектуална попреченост

Слични вести

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје
1 min read

Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје

На 20. јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“ На 20. јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“
1 min read

На 20. јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.