December 8, 2014

Приштина, 8. декември 2014 (ИНПРЕС) – Лидерот на Демократската партија на Косово, Хашим Тачи и на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа, денеска во Приштина потпишаа договор за коалиција.

Предвидено е Мустафа да биде новиот премиер на Косово, а Тачи ќе ја преземе функцијата на вицепремиер и министер за надворешни работи.

По потпишувањето на договорот Тачи изјави дека приоритетите на коалицијата ќе бидат економскиот развој на земјата, борбата против корупцијата и организираниот криминал, а исто така и борбата против тероризмот. Според него оваа коалиција ќе создаде услови за дејствување на опозицијата и сите делови на општеството. Мустафа истакна дека коалицијата ќе работи за доброто на Косово и решавањето на проблемите со кои се соочува земјата на патот на евроинтеграцијата. (Крај)

извор: БГнес фото: архива