Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Исламисти го заробиле поранешниот телохранител на Зоран Ѓинѓиќ

Исламисти го заробиле поранешниот телохранител на Зоран Ѓинѓиќ

Белград, 20.август 2015 (ИНПРЕС) – Поранешниот телохранител на убиениот српски премиер, Зоран Ѓинѓиќ, Срѓан Бабиќ, веќе пет месеци е заробен во Либија од страна на исламистичката милиција Ел Мајд, под нејасни околности, пишува српски Телеграф.

За него не е баран никаков откуп. Ниту е обвинет за какво било кривично дело, а и понатаму е во заробеништво.

Кога Бабиќ бил приведен му било речено дека тоа е заради негова безбедност, а од тогаш пет месеци е заробен, а дури завчера му е овозможен контакт со семејството.

Бабиќ на јавноста и е познат како човек кој на една снимка по атентатот на Ѓинѓиќ запира автомобили за смртно настраданиот премиер да биде превезен во Ургентниот центар.

По убиството, работел во Министерството за внатрешни работи на Србија и во жандармеријата, од каде е отпуштен.

Во Либија работел како тим лидер во француската компанија АСП, која се занимава со обезбедување и логистика на дипломатски мисии, меѓународни организации, како и на нафтени компании, а работел и во менаџмент тимот кој ја обезбедувал италијанската нафтена компанија ЕНИ во Либија.

Неговата сопруга Весна и синот Страхиња пет месеци живеат во страв, а како изјавуваат за „Политика“, помислувале и дека е убиен.

„Тој е во многу тешка состојба. Вели дека ослабел 20 килограми и дека пет месеци не видел сонце. Го држат во соба без светло и без воздух. Прво ме праша зошто е заробен. Не знаев што да му кажам затоа што ни јас не знам“, вели Весна бабиќ, која додава дека за помош му се обратила и на премиерот Александар Вучиќ и дека очекува ефиканса реакција на ржавата за нејзииот сопруга да се најде на слобода. (Крај)

извор:Телеграф.рс фото:архива

Post navigation

Previous Грчкиот премиер Ципрас денеска ќе поднесе оставка
Next Изборната комисија на Турција предложи предвремени избори на 1-ви ноември

Слични вести

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања
1 min read

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија
1 min read

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.