Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Исчезна уште едно девојче во Србија

Исчезна уште едно девојче во Србија

1 min read

Белград, 20. август 2014 (ИНПРЕС) – Српските медиуми јавуваат за исчезнувањето на уште едно девојче, по силувањето и убиството на Тијана Јуриќ, настанот кој ја потресе земјата.

14-годишната Ивана Подрашчиќ од Белград се води како исчезната, откако последен пат била видена на 29-ти јули, кога се упатила кон Канарево брдо во Белград.

Информациите за исчезнувањето на Ивана се проширија по социјалните мрежи, а настанот бил пријавен и во полиција, потврдиле за РТС од српската полиција.

– Таткото на девојчето го пријави нејзиното исчезнување и полицијата интензивно работи на нејзино пронаоѓање, велат од српската полиција.

На Фејсбук веќе се отворени неколку групи за исчезнувањето на 14-годишното девојче.

– Последен пат е видена на 29-ти јули, по што и се губи секаква трага. Доколку имате информации за девојчето, пријавете во најблиската Полициска станица, апелираат од српската полиција. (Крај)

извор: РТС фото: архива

Post navigation

Previous Автобус излета од патот кај селото Раденковац во Србија, настрадаа неколку лица
Next Земјотрес од 5 степени на Халкидики

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.