Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ИЈЗ: Има намалување на бројот на заболени од грип, во Охрид регистрирани 99 случаи и сѐ уште висока активност на вирусот

ИЈЗ: Има намалување на бројот на заболени од грип, во Охрид регистрирани 99 случаи и сѐ уште висока активност на вирусот

1 min read
ИЈЗ: Има намалување на бројот на заболени од грип, во Охрид регистрирани 99 случаи и сѐ уште висока активност на вирусот

Охрид кеј Македонија сонце гужва бродови катамарани

Охрид, 5. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Во петтата недела од 2026 година, во периодот од 26-ти јануари до 1-ви февруари, во Република Македонија се пријавени 1.498 случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грип, за 12,3% помалку во споредба со минатата недела се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Од нив 866 лица се на возраст од 15-64 години, 224 лица на возраст над 65 години, 247 деца на возраст од 5-14 години и 161 на возраст од 0-4 години.

– Заболените лица оваа недела се регистрирани во Скопје -473, Прилеп – 146, Струмица – 139, Охрид – 99, Битола – 77, Штип – 70, Тетово – 63, Гевгелија – 61, Куманово – 59, Дебар – 43, Велес – 36, а во Радовиш, Кичево, Кавадарци, Струга, Гостивар, Ресен, Неготино, Свети Николе, Кратово, Крушево, Виница, Демир Хисар, Пробиштип, Кочани, Македонски Брод, Пехчево и Валандово бројот на заболени е помал од 30. Во Берово, Делчево и Крива Паланка нема пријавени заболени лица од грип и заболувања слични на грип, стои во извештајот.

Во Охрид изминатите три недели има намалување во бројот на новозаболени, но и понатаму се бележи висока активност на вирусот на грип.

Во сезоната 2025/2026 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 11.415. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 30,7 %. Во текот на сезоната на грип, регистрирани се четири починати лица асоцирани со грип.

Од 16 октомври започна да се спроведува бесплатната вакцинација против сезонски грип за ризичните групи граѓани, а интересот е голем. Досега на ниво на Република Македонија со бесплатна вакцина се имунизирани вкупно 79.105 лица од ризичните категории. Покрај тоа набавени се и 2.400 дози комерцијални вакцини за останатото население и досега се имунизирани 1.836 лица.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Започнуваат годинашните Прличеви беседи
Next Нови апарати за ЈП „Водовод“ Охрид од Центарот за развој на Југозападен плански регион

Слични вести

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии
1 min read

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца
1 min read

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.