Атина, 27. јули 2015 (ИНПРЕС) – Грчката берза ќе остане затворена и денеска, но би можела повторно да почне да работи утре, по едномесечна пауза, соопштија извори од грчкото Министерство за финансии.
– Сигурно е дека нема да отвориме во понеделник, можеби во вторник, изјави претставник на берзата.
Друг извор потврди дека грчките власти имаат за цел берзата да биде отворена утре.
Грчката берза е затворена од 29 јуни, кога Грција ги затвори банките и наметна контрола на капиталот за да се сопре повлекување на депозити што можеше да го урне грчкиот финансиски систем. (Крај)
извор: Алфа фото: архива