Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • И Тачи се вклучи во спорот меѓу Вучиќ и Рама

И Тачи се вклучи во спорот меѓу Вучиќ и Рама

Приштина, 18. октомври 2014 (ИНПРЕС) – И косовскиот премиер Хашим Тачи се вмеша во преписката која преку Твитер ја водат премиерите на Србија и Албанија, Александар Вучиќ и Еди Рама, по последните немили настани на стадионот на Партизан во Белград и натпреварот меѓу фудбалските репрезентации на Србија и Албанија.

Тачи преку неговиот профил на Фејсбук ја изрази поддршката за одлуката на Рама да го посети Белград.

– Западен Балкан навлегува во неповратен процес во евроатлантската интеграција, која има една главна цел – подобрување на животниот стандард на граѓаните. Овде уште се слуша јазикот на омразата и провокациите кои доаѓаат од нашето тажно минато. Договорот од Брисел меѓу Белград и Приштина конечно ќе ја затвори вратата на војните и промената на границите, напиша Тачи на социјалната мрежа.

Тој додаде дека „дијалогот со соседите и разбирањето треба да бидат главните столбови во политиката, за да се исполнат евроатлантските критериуми“. (Крај)

извор: АФП фото: АП

Post navigation

Previous Заклан пекар во Бегеч крај Нови Сад
Next Откажана посетата на Рама на Белград?

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.