Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Календар на МПЦ-ОА: Свети свештеномаченик Кипријан и девицата Јустина

Календар на МПЦ-ОА: Свети свештеномаченик Кипријан и девицата Јустина

1 min read
Календар на МПЦ-ОА: Свети свештеномаченик Кипријан и девицата Јустина

Календар на МПЦ-ОА Свети свештеномаченик Кипријан и девицата Јустина празници црква православие

Охрид, 15. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денеска го слават споменот и Денот посветен на Свети свештеномаченик Кипријан и девицата Јустина.

Кипријан се досели од Картагена во Антиохија, каде што живееше и Јустина со родителите Едесиј и Клеодонија. Едесиј беше идолски жрец и целиот дом им беше незнабожечки. Но, кога Јустина одејќи по христијанските цркви ја позна вистинската вера, ги обрати и своите родители кон Господа Христа. И сите тројца примија Крштение од епископот Оптат. Кипријан, пак, беше волх, имаше врски со нечистите духови и гаташе.

Некој развратен млад човек Аглаид, незнабожец, сакаше по секоја цена да ја заведе света Јустина, бидејќи се занесе од нејзината убавина, па кога девицата одлучно го одби, тој побара помош кај Кипријан. Кипријан ги наведуваше злите духови еден по друг на Јустина за да ѝ распалат страст по нечистиот Аглаид, но никако не успеа во тоа, бидејќи светата Јустина со знакот на крстот и со молитвата кон Бога ги одгонуваше од себе духовите на злобата. Тогаш Кипријан ја позна силата на крстот, па и самиот се крсти и со време стана презвитер и епископ.

Озлобени незнабошците ги обвинија него и Јустина и обајцата ги предадоа на судот во Дамаск, по што беа мачени и убиени со меч во Никомидија, на крајот од 3 век

Тропар

Бог, Кој срцата ги испитува, ве најде достојни, за виша мудрост, о свети маченици Кипријане и Јустино, Кипријан свети го приведе во познание на вистинското спасение, извлекувајќи го од лагата демонска за животот земен, Јустина девственица ја наоружа со благодат на Крстот чесен, покажувајќи дека Името Христово е Име Божествено. Молете се за нас, вие кои луди бевте за овој свет, за да нас нe умудрите пред Бога да припаднеме, и на вашите молитви се надеваме. *** Живот ти стана Христос, и Животот ти принесе венци, о ти пречисто јагне Божјо Јустино, едниот – венец на вистината, кој ја уништи лагата демонска, другиот-венец на мачеништвото, кој за сведоштво го остави на стадото Христово. Спомни си за нас, убавино на Љубовта, пред престолот на Оној Кого го прославуваш. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: архива

Post navigation

Previous АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Next Охрид најубав: 15. октомври 2024 година

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.