Атина, 14. март 2015 (ИНПРЕС) – Ако Грција излезе од еврозоната, следни се Шпанија и Италија, изјави грчкиот министер за одбрана Панос Каменос.
– На Грција не и` се дава можност да излезе од еврозоната. Тоа е нелегално. Ако ние излеземе, тогаш следни ќе бидат Шпанија и Италија. Во наредна фаза тоа ќе го стори и Германија. Затоа мора да се најде начин да останеме во еврозоната, но тоа не треба да значи да се тераат Грците постојано да плаќаат, изјави Каменос.
Што се однесува до т.н. Програми за помош, обичните Грци немаат пристап до овие пари, додал министерот.
– Речиси целосни средствата остануваат во банките. Луѓето се без работа, а цените продолжуваат да растат. Загубивме големи суми како резултат на санкциите на ЕУ против Русија, каде извезуваме речиси 70% од земјоделските производи. Туризмот е важен за Грција, а околу 25% од туристите се Руси. Унијата е должна да ни плати компензација за оние колосални загуби поради санкциите воведени против Русија. Во спротивно ние ниту сакаме, ниту можеме да си дозволиме да учествуваме во санкциите кои ја уништуваат нашата економија, вели во заклучокот Каменос, кој претходно се закани дека „ќе ја ослободи Грција од економските мигранти и џихадисти кои потоа ќе ја поплават Европа, ако Еврозоната не ги повлече наметнатите барања за штедење“. (Крај)
извор: АФП фото: АП