Хаг, 5. септември 2015 (ИНПРЕС) – Поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ бил опериран од компликации на жолчното ќесе во болница во Холандија, соопштуваат од Меѓународниот кривичен трибунал во Хаг.
Операцијат се случила на 27 август.
Нему во Хаг му се суди за организирање на злосторства за време на војната во Босна и Херцеговина меѓу 1992-1995 година, во која загинаа околу 100 илјади луѓе. (Крај)
извор: Нова ТВ фото: архива







