Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Катерина Перистери – Не исклучуваме дека Александар Велики е погребан во Амфиполис

Катерина Перистери – Не исклучуваме дека Александар Велики е погребан во Амфиполис

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Атина, 30. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Да се утврди точно кој е закопан во градот Амфиполис, општина Серес во северниот дел на Грција, не е можно додека не завршат истражувањата, но не треба да се исклучува ниту една од верзиите, вклучувајќи дека тука е гробницата на Александар Велики, изјави шефот на тимот кој работи на археолошкиот локалитет Катерина Перистери.

Таа вчера ги претстави пред Министерството за култура на Грција резултатите од ископувањата во периодот 2012-2014 година.

Откриената гробница во Амфиполис се дефинира како најголемото откритие последните децении. Станува збор за погребален комплекс со дијаметар од 158,4 метри, опкружен со мермерен ѕид со должина од 497 метри. Во гробницата се пронајдени мозаици и скулптури на сфинги. Ископувањата започнаа во 2012 година, а во август годинава го привлекоа вниманието на пошироката јавности, кога стана јасно за каква гробница всушност станува збор.

Извештајот за ископувањата на овој локалите предизвика голем интерес – салата во грчкото  Министерство за култура беше преполна, а дискусијата траеше полни 4,5 часа, иако првично форматот на средбата не предвидуваше да се поставуваат прашања за археолозите.

Перистери даде претежно општи одговори и бегаше од специфики, за да не се даде причина за различни верзии, што предизвика незадоволство кај нејзините колеги. Таа сепак посочи дека „не треба да се исклучува верзијата дека таму може да е погребан самиот Александар Велики“.

Станува збор за најголемата античка гробница во Грција. Изградена е во времето на Александар III Македонски и внатре можеби се остатоците на неговото семејство или на некој од големи воени умови од тоа време. Во рамките на ископувањата бил откриен скелет кој е доставен до антрополозите на натамошни испитувања. Пронајдени се монети од три периоди со слики на Александар – од IV век пред Христа, од II век пред Христа и III век по Христа.

Пред тоа се појавија извештаи дека погребаното лице не било балсамирано, што би можело да ја исклучи можноста дека станува збор за гробницата на Александар Македонски, бидејќи тој починал во Египет. Според учесниците на средбата, истражувањето на пронајдениот скелет уште не е започнато. (Крај)

извор: АФП фото: АП

Post navigation

Previous Венизелос – Турција да ги почитува правата на граѓаните на Кипар
Next Мур – Власта во БиХ ќе биде попрактична

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.