Белград, 29. септември 2014 (ИНПРЕС) – Премиерот Александар Вучиќ имаше проштална посета со амбасадорот на Јужна Кореја, Ким Кванг Кун.
Вучиќ се заблагодари за соработката и исклучителниот придонес за подобрување на билатералните односи, особено во областа на економијата.
Амбасадор Ким Кванг Кун рече дека напредокот на Србија се гледа преку реформите, кои се признати во целиот свет, и по донесените закони и почитувањето на човековите права.
Амбасадорот исто така, истакна дека Јужна Кореја и понатаму ќе го поддржува европскиот пат на Србија и верува дека земјата наскоро ќе стане полноправна членка на Европската Унија. (Крај)
извор: Танјуг фото: архива
