Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Коки Јанков ги промовираше последните две песни од новиот албум „Навикни на промени“

Коки Јанков ги промовираше последните две песни од новиот албум „Навикни на промени“

1 min read
Коки Јанков ги промовираше последните две песни од новиот албум „Навикни на промени“

Охрид, 20. мај 2026 (ИНПРЕС) – Со промоцијата на последните две песни „Еден пат за еден живот“ и „Едно мирно топло лето“, Коки Јанков го заокружи новиот албум „Навикни на промени“.

На албумот има 20 преработки на песни кои ги свиреше со дуото „Дуле и Коки“ и со групата „Тајфата“.

– Секој понеделник во изминативе два месеца излегуваа по две песни и два спота, кои ги снимавме во Велешкиот театар. Овојпат, со екипата музичари решивме да не го чекаме следниот понеделник за новите песни, туку да излезат денеска, рече Коки.

На албумот се најдоа и песните: „Навикни на промени“, „Залудно е да се напијам“, „Мене место не ме фаќа“, „Бела ајта“, „Еј калдрмо“, „Нато мори душманке“, „Марама“, „Не ми е денот“, „Колку треба да се плати“, „Јас и ти“, „Песна за Дуле и Коки“, „Нека ти е простено“, „Е мој бато“, „Кај си ми тргнал далдисал“, „Виолина и гитара“, „Јас сум нула без тебе“, „Дај ми шанса“ и „Кога едно прават две“. Песните се снимени во студиото на Темелко Андреев во Велес.

Јанков веќе најави и голем музички настан. На 14 ноември ќе одржи концерт во Филхармонијата, по повод 30 години од победата на песната „Виолина и гитара“ на Макфест. Публиката ќе има можност во живо да ги слушне песните со кои Дуле и Коки оставија белег на македонската музичка сцена.

Коки вели дека овој албум му е посветен на долгогодишниот пријател и соработник Венко Серафимов.

– Сакам да им се заблагпдарам на сите автори на песните, меѓу кои се Александар Митевски, Дејан Георгиевски-Џене, Валентино Скендеровски, Калиопи, Огнен Неделковски, Григор Копров, Игор Џамбазов, како и на Војче Петрушев, кој отсвире хармоника на новите верзии. Сите имаат голем придонес во создавањето на овој музички материјал, вели Јанков.

На јубилејниот концерт ќе има и многу гости, кои дополнително ќе бидат објавени. Сите песни се достапи на јутјуб каналот на Коки Јанков, на сите музички платформи и на социјалните мрежи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Во вторник ќе се одржи 10 седница на Советот на Општина Охрид
Next Здравје: Научниците откриваат зошто лубеницата е една од најздравите летни намирници

Слични вести

Езерскиот водостој го надмина просекот за мај Езерскиот водостој го надмина просекот за мај
1 min read

Езерскиот водостој го надмина просекот за мај

Здравје: Научниците откриваат зошто лубеницата е една од најздравите летни намирници Здравје: Научниците откриваат зошто лубеницата е една од најздравите летни намирници
1 min read

Здравје: Научниците откриваат зошто лубеницата е една од најздравите летни намирници

Во вторник ќе се одржи 10 седница на Советот на Општина Охрид Во вторник ќе се одржи 10 седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Во вторник ќе се одржи 10 седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.