Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Комедијата „Несфатената цивилизација“ в петок повторно пред охридската публика

Комедијата „Несфатената цивилизација“ в петок повторно пред охридската публика

1 min read
Комедијата „Несфатената цивилизација“ в петок повторно пред охридската публика

Охрид, 25. септември 2023 (ИНПРЕС) – Гротескната комедија „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников, во режија на Софија Ристевска- Петрушева овој петок повторно на репертоарот на Народниот театар од Охрид.

Во претставата играат: Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов, Филип Кипровски, Никола Тодороски и Ивица Цонев.

– „Несфатената цивилизација“ е претстава за припадноста, честа, етиката и моралот. Претстава за културолошкиот и социолошкиот идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. „Несфатената цивилизација“ е комедија, што преминува во гротеска и иронија, и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест, вели за претставата режисерката Ристевска- Петрушева.

Почетокот на претставата е во 20:00 часот, а билетите се продаваат по цена од 200 денари. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Во јули во Охрид издадени се 2 одобренија за градба
Next Завршна работилница на пилот проектот за граѓанска наука на НП „Галичица“

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.