Приштина, 11. декември 2015 (ИНПРЕС) – Доколку странските експерти оценат дека постои каква било грешка во демаркацијата на границата со Црна Гора, од наша или од страната на Црногорците, постои подготвеност тие грешки да се поправат, изјави косовскиот премиер Иса Мустафа.
Косовскиот премиер нагласи дека странските експерти ќе видат дали е направена грешка, и дека Црна Гора и Косово се подготвени да ја поправат.
Во договорот за формирање на Заедница на српски општини, демаркцијата на границата со Косово е главна причина за протестите во Приштина и блокадата на Собранието во Косово.
Суспензијата на овој договор претставува услов кој опозицијата го постави за враќање во косовскиот Парламент. Договорот за демаркацијата на границите е потпишан во средината на август во Виена. (Крај)
извор: Плус Инфо фото: архива







