Приштина, 23. август 2014 (ИНПРЕС) – Изборот од 17-ти јули на Иса Мустафа за претседател на косовскиот парламент е неуставен, соопштија од Уставниот суд во Приштина.
Според судиите, за време на седницата на парламентот имало прекршување на Правилникот за работа на Собранието и на Уставот на Косово. Најголемото прекршување е недостатокот на кворум на почетокот на седницата.
Уставниот суд смета дека претседателот на парламентот треба да биде избран од редовите на најголемата парламентарна група – онаа на Демократската партија на сегашниот премиер Хашим Тачи.
Во одлуката на судот се напоменува дека „седницата од 17-ти јули е неуставна“. (Крај)
извор: АФП фото: АП