Приштина, 22. март 2016 (ИНПРЕС) – По многу перипетии и проблеми, Косово конечно одлучи да ги признае дипломите издадени на универзитети во Албанија.
– Министерството за образование, наука и технологија (на Косово) донесе одлука да ги признае дипломите издадени од акредитирани и лиценцирани институции во Албанија. Ова е долго очекувана одлука на косовското Министертво иако во Албанија косовските дипломи се признаваат одамна, наведува порталот Албеу.
Со оваа одлука на Министерството се признаваат дипломите од сите степени, што подразбира и титулите магистер и доктор на науки.
Според одлукат, дипломите за нострификација се доставуваат до соодветниот сектор во Министертвото за образоваие, наука и технологија во Приштина. (Крај)
извор: Плус Инфо фото: архива