Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Приштина, 9. февруари 2015 (ИНПРЕС) – Опозициските партии во Косово побараа Владата да создаде фонд за превенција против протерувањето на граѓаните во странство.
За таа цел се потребни 40 милиони евра, беше кажано на заедничката прес-конференција на Сојузот за иднината на Косово, движењето „Самоопределување“ и Иницијативата за Косово.
– Со овие средства би се создале услови за отворање на нови работни места и би се вратила надежта, објаснија од опозицијата.
Тие побараа уште денес да започне примената на Резолуцијата за миграција, усвоена од парламентот на Косово. (Крај)
извор: АФП фото: архива
