October 24, 2015

Приштина, 24. октомври 2015 (ИНПРЕС) – Политичарите од косовската опозиција употребија солзавец во зградата на парламентот во знак на протест против планот за договор со Србија и Црна Гора, кој ќе им обезбеди повеќе власт на Србите во регионите во кои доминираат, пишува The Voice of America.

Според партиите документот за “самоопределувањето” и “Алијанса за иднината на Косово” претставува закана за независноста на малата балканска држава која се отцепи од Белград, откако во 1999 година Западот интервенираше со бомбардирања.

Пред отворањето на седницата, која на крајот беше откажана, опозицијата фрли солзавец во близина на канцеларијата на претседателот на парламентот. (Крај)

извор: РТС фото: архива