Приштина, 15. декември 2015 (ИНПРЕС) – Косовската гранична полиција доби наредба со која се забранува влез на сите лица кои имаат лични карти од Србија, а живеат на територијата на Косово, пишува денеска српскиот весник Вечерње новости.
Според директорот на српската Агенција за Косово, Марко Ѓуриќ, има многу шпекулации на оваа тема, но Белград ја следи ситуацијата.
Од косовската полиција изјавиле дека примената на наредбата се уште не е започната на граничните премини. (Крај)
извор: Вечерње новости фото: архива






