September 19, 2015

Приштина, 19. септември 2015 (ИНПРЕС) – Косовски Албанци, искористувајќи го хаосот на границата меѓу Унгарија и Хрватска се обидуваат да навлезат во Западна Европа, маскирани како бегалци од Блискиот Исток, пишува српскиот весник Blic.

Според изданието, на железничката линија во реонот на граничен премин “Хоргош- Риоске” на српско-унгарската граница се наоѓаат исфрлени косовски пасоши.

– Веројатно тие користат ситуацијата за стигнат до Србија со косовски пасоши, кои потоа ги исфрлаат ако успеат да навлезат во соседни земји, забележува анонимен соговорник на весникот.

За миграцијата на косовските Албанци во ЕУ е известен министерот за труд и социјална политика на Србија Александар Вулин.

– Има такви случаи, макар и да не се чести. Исто така и Пакистанци и Индијци се преправаат дека се Сиријците за да добијат статус на бегалци. Албанците од Косово немаат шанси да добијат азил во ЕУ, па затоа и се обидуваат на овој начин да стигнат до Германија, коментира Вулин. (Крај)

извор: Blic фото: архива