Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Костадиновска-Стојчевска: Работиме на зачувување на Охридскиот регион со статусот кој го има и со унапредување

Костадиновска-Стојчевска: Работиме на зачувување на Охридскиот регион со статусот кој го има и со унапредување

1 min read
Костадиновска-Стојчевска: Работиме на зачувување на Охридскиот регион со статусот кој го има и со унапредување

Скопје/Охрид, 10. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Работиме на зачувување на Охридскиот регион со оној статус кој го има и со унапредување, бидејќи само така ќе може да го потврдиме статусот доделен од УНЕСКО, истакна на денешната прес конференција министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска одговарајќи на новинарско прашање.

Потенцира дека е задоволна од соработката на сите засегнати страни во однос на зачувување на овој статус.

– Задоволна сум од соработливоста од сите засегнати страни во однос на зачувување на овој статус. Ова воопшто не е лесен и едноставен процес, но секоја од засегнатите страни, министри, локални самоуправи и агенции кои се дел од овој процес од креирање на оваа легислатива која го регулира статусот на Охридскиот регион како заштитен под УНЕСКО се навистина максимални и даваме сé од себе за тоа да продолжи со истата динамика, рече Костадиновска-Стојчевска.

Можно е да е слика од 1 лице и стоење

Околу нејзината неодамнешна посета на Париз и остварените средби, додаде дека била со единствена цел – информирање на релевантните страни за тоа како се одвива заштитата на охридскиот регион во однос на зачувување на статусот на УНЕСКО.

Министерката од Париз најави дека во Охрид ќе биде отворена канцеларија на УНЕСКО во насока на потврдување на нашите заложби за јакнење, управување и промоција во зачувувањето на статусот на Охридскиот Регион.

Во годината кога одбележуваме 30 години од нашето членство во УНЕСКО, на средбата беа поздравени напорите меѓу владите и националните комисии на Република Македонија и на Албанија во однос на имплементација на препораките на УНЕСКО кои се однесуваат на Охридскиот Регион.

Пред неколку дена и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков во интервју за МИА потенцира дека општина Охрид и Владата на Република Македонија, односно ресорните министерства имаат одлична соработка во однос на спроведување на препораките за зачувување на статусот заштитено подрачје во УНЕСКО. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Се реконструира музејот „Доктор Никола Незлобински“
Next Романската православна црква ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.