Атина, 5. јуни 2015 (ИНПРЕС) – Деталите од договорот за преземање мерки за градење на доверба меѓу Атина и Грција најверојатно ќе бидат обелодените за време на официјалната посета на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас на Скопје закажана за крајот на овој месец.
Ова го соопшти самиот Коѕијас по средбата со вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими што се одржа во Атина.
– Се надевам листата ќе ја објавиме во Скопје, откако претходно ќе разговораат политичките директори на двете земји. Додека траат преговорите не е добро да се зборува за тоа, рече Коѕијас.
Според соопштението објавено на официјалната страна на Министерството за надворешни работи на Грција, пред посетата на Коѕијас, во Македонија ќе допатува политички директор од грчката влада кој треба да ги разгледа сите прашања поврзани околу овој договор. За некои од мерките, пак, како што рече тој, ќе се бара помош и од еврокомесарот Јоханес Хан.
На средбата, пишува во соопштението, станало збор и за прашањето со името, меѓутоа, детали околу овие разговори не се откриваат. (Крај)
извор: Капитал фото: архива
