Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Коѕијас – За било кој проблем ќе најдеме решение

Коѕијас – За било кој проблем ќе најдеме решение

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 24. јуни 2015 (ИНПРЕС) – Постојат разлики околу спорот за името, но за секој проблем постои решение, порача од Скопје шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, прв кој по десетина години допатува во билатерална посета на Македонија.

Според него, Грција верува дека постоењето на нашата држава е дар на Балканот и дека ниту тој ниту, пак, нашиот министер Никола Попоски немаат иредентистички намери. Користејќи го примерот на египетскиот град Александрија, тој нагласи дека не само што немаат проблем со нас, туку и се гордеат што сме собраќа, дека секој има право на сопствен идентитет, но начинот на кој го употребува не треба да создава впечаток дека станува збор за некаква злоупотреба.

Откако призна дека и во Грција има структури кои на друг начин гледаат на соработката со Македонија, тој нагласи дека тоа не е политика на актуелната влада која сака двете држави да постојат и да соработуваат заеднички. „Ние сме против екстремниот национализам“, рече Коѕијас, додавајќи дека на Балканот може да се забележат и начини на однесување кои помагаат за решавање на проблемите. И тој и министерот Никола Попоски објавија дека се договорени 11 мерки на доверба во повеќе области и дека тоа е само почеток, бидејќи се надеваат дека ќе има продолжување и дека тие ќе помогнат да се надмине климата на недоверба што постои меѓу Македонија и Грција, како начин да се создаде можност да се реши спорот за името.

– Денес немаме решение, но имаме пристап кој ќе овозможи да изградиме клима за решение, порача министерот Попоски.

Точните зборови на грчкиот шеф на дипломатијата, сепак, треба да се земат со резерва, поради лошо организираната прес-конференција на која мнозинството новинари не добија слушалки за превод, а тие што добија, имаа лош превод од грчки. Преводот се појавуваше и го снемуваше повеќепати така што еден од грчките новинари дојден со Коѕијас се понуди прашањето да го постави на македонски, ако веќе не можат да обезбедат превод. Коѕијас, пак, го прекина долгото излагање на новинарот на Сител околу Хашката пресуда, прашувајќи со насмевка – ова е прашање или изјава?

Коѕијас, по средбата со Попоски, замина на средба со вицепремиерот Фатмир Бесими, а потоа ќе има средби со целиот државен врв, односно претседателот, премиерот и лидерите на главните политички партии. (Крај)

извор: Утрински фото: архива

Post navigation

Previous Предлозите од Грција кон доверителите полни со недостатоци
Next Не е постигнат договор за Грција, продолжуваат преговорите во Брисел

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.