Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Курц: ЕУ не смее да ги остави Србија и Македонија сами во бегалската криза

Курц: ЕУ не смее да ги остави Србија и Македонија сами во бегалската криза

Белград, 8. февруари 2016 (ИНПРЕС) – Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, изјави дека во бегалската криза земјите од Западен Балкан не смее да бидат оставени сами, особено Србија и Македонија, и нагласи дека Австрија ќе остане сигурен партнер на регионот.

Курц денеска доаѓа во Белград, во рамки на регионалната турнеја што ја почна во Сараево, со план да ги посети сите шест земји од регионот.

– Целта на посетата е и натаму да градиме одлични односи во целиот регион. За таа цел, заедно со нашите партнери во секоја од земјите изработивме акциски план што ќе биде основа за соработка во текот на оваа година. Акциските планови се многу амбициозни и ги покриваат сите важни теми, од поддршка во процесот на пристапување кон Европската унија, до мерки во областа на миграциите. Овојпат ќе ги посетам сите шест земји од регионот, рече Курц.

Австрискиот министер ја пофали улогата на Србија и Македонија во бегалската криза, испраќајќи ја пораката до ЕУ дека не смее да ги остави овие две земји сами во контекстот:

– ЕУ не смее Србија и Македонија да ги остави сами. Се надевам дека наскоро одново ќе успееме да ги обезбедиме надворешните граници на Унијата и дека Грција ќе ни дозволи да ѝ помогнеме во тоа. Затоа го поддржувам предлогот на министерот за одбрана на Австрија, припадниците на војската да се упатат на надворешните граници на ЕУ, или во Македонија и Србија, рече Курц. (Крај)

извор: Капитал фото: архива

Post navigation

Previous Кери ќе ја заобиколи Македонија
Next Граѓаните на Македонија и Косово ќе ја поминуваат границата со биометриски лични карти

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.