Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Левица: Во јадрото на струшката чаршија се гради незаконски без одобрение за градба?!

Левица: Во јадрото на струшката чаршија се гради незаконски без одобрение за градба?!

Левица: Во јадрото на струшката чаршија се гради незаконски без одобрение за градба?!

Струга, 16. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во самото јадро на старата струшка чаршија, кај поранешниот клуб „Холивуд“, интензивно се вршат градежни активности, без поставена информативна табла согласно Законот за градење, реагираат од партијата Левица.

– Сомнежите се дека се узурпира државен имот и дека инвеститорот воопшто нема одобрение за градба. Старата струшка чаршија постојано е под напад на урбанистичката мафија и нејзиниот лик е целосно променет, додека надлежните инспекторати никаде ги нема на терен. Ги повикуваме советниците во Советот на општина Струга од ВМРО ДПМНЕ О.К Струга и СДСМ Струга да реагираат за конкретниот објект и да побараат информација дали воопшто инвеститорот има одобрение за градба, стои во дописот.

Од Левица додаваат дека ќе поднесат иницијатива за вонреден инспекциски надзор со цел да се констатира фактичката состојба на терен.

– Дополнително, ќе алармираме и до Државниот правобранител за сомнежите дека се узурпира државен имот во срцето на струшката чаршија. Јавно прашуваме – дали и новата власт ќе го дозволи дивеењето на урбанистичката мафија? – потенцираат од партијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Post navigation

Previous Денеска од 10:00 до 14:00 часот ќе биде затворена за движење пешачката патека од мостот кај каналот „Студенчишта“
Next ИЈЗ: Нови 12 случаи на Covid-19, највисока инциденца регистрирана во Охрид

Слични вести

„Аустријан ерлајнс“ од недела почнува да лета од Виена за Охрид „Аустријан ерлајнс“ од недела почнува да лета од Виена за Охрид
1 min read

„Аустријан ерлајнс“ од недела почнува да лета од Виена за Охрид

Викендов изложби на кучиња во Охрид Викендов изложби на кучиња во Охрид
1 min read

Викендов изложби на кучиња во Охрид

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид
1 min read

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.